Во Германија голема побарувачка за работници- желба и се пред се луѓе од балканските простори

  • By admin
  • јули 4, 2022
  • 0
  • 840 Views

Секој што знае да работи нека дојде! Вака накратко може да се опише апелот на Кристијан Дир, шеф на пратеничката група на либералите во германскиот парламент.

„По фазата на гастарбајтери од шеесеттите и седумдесеттите, пазарот на трудот се затвораше. Сега мора да биде обратно”, изјави Дир за Велт.

Денеска мотото мора да биде: секој што може да заработува со ‘свои раце,’ веднаш мора да добие работна дозвола“. Во суштина ова би бил вообичаен говор на економски либерал, ако не се овие две работи:

Либералите сега се на власт, заедно со Социјалдемократите и Зелените. Уште поважно – на изјавата на Кристијан Дир ѝ претходеа драматични апели од голем број индустрии кои едноставно не можат да најдат доволно работна сила во Германија.

Сликите од ситуацијата на германските аеродроми и илјадници откажани летови на почетокот на туристичката сезона, ја пр инудија владата да интервенира и да вети експресно издавање на работни дозволи. Затоа што за време на па ндемијата, аеродромите и авиокомпаниите отпуштаа луѓе, а денес им недостасуваат повеќе од седум илјади вработени.

Сите погледи се насочени кон Турција и Западниот Балкан од каде треба да се регрутираат сезонски работници за најмногу три месеца.

„Ќе се потрудиме да им се обезбедат соодветни плати и да бидат добро сместени”, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Сѐ уште не стивнаа дра матичните барања од авиосообраќајот, а веќе се јавија и угостителите кои експл ицитно бараат од властите да им го олеснат приемот на работници од Западен Балкан.

Релативно новиот германски закон за доселување дозволува работа за секој што ќе најде работодавач – под услов да е вешт во нешто. Може да бидат и сметководители или возачи, важно е да имаат диплома.

Исклучок е таканареченото „правило за Западен Балкан“, усвоено во екот на бегалската кр иза, кога на мигра нтите од Сирија и од Далечниот Исток масовно им се придружија баратели на азил од Србија, Македонија или Косово.

Тогаш беше одлучено дека годишно од Западниот Балкан работни дозволи може да добијат 25.000 луѓе, дури и неквалификувана работна сила.Но, сега угостителското здружение „Дехога“ бара повеќе.

„Во земјите од Западен Балкан има многу работна си ла која би работела во хотелите и рестораните во Германија“, тврди првиот човек на здружението Гидо Челик.

Слично како и на аеродромите, во периодот на панд емијата и рестораните речиси и да немаа работа, поради што сега немаат работна сила. Челик вели дека околу 60 отсто од хотелите и рестораните бараат келнери, готвачи и собарки.

Затоа бараат Владата да го продолжи „правилото за Западен Балкан” кое истекува на крајот од 2023 година како и да го забрза издавањето на визи и работни дозволи. Челик вели дека платите во гастрономијата растат со двоцифрен процент – додуша ни инфлацијата во последниве месеци не е далеку од таков раст.

Жедта на германскиот пазар на труд за занаетчии од секаков вид, возачи или медицински персонал кои масовно доаѓаат од Србија и околината е веќе огромна. За второто, според претходното истражување на ДВ, клиниките и домовите за стари лица им плаќаат на посредниците и по 15.000 евра за да им донесат само една негувателка.

Како што пишува неделникот „Цајт”, недостигот на работна сила е таков што не може да се покрие со брзи мерки како доведување гастарбајтери на аеродромите за да им ги спасат летните одмори на Германците, пренесува Дојче веле на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.