Во Бугарија државата ќе дава субвенција од 6.200 евра за купување автомобил, но има еден услов

  • By admin
  • јануари 6, 2022
  • 0
  • 800 Views

Соседна Бугарија со години наназад важи за една од омилените дестинации на Македонците за купување пред се половни, но и во некои случаи нови возила.

Пред се се мисли за половњаци кои во Бугарија завршуваат најмногу од Италија, Германија и други западно европски држави.

Во последно време многу производители на автомобили се преориентираат кон производство на електрични автомобили.

Последен во низата кој најави влез во овој бизни е и електронскиот гигант „Сони“ кој го претстави новиот прототип на својот електричен автомобил „Вижн С“ и го најави создавањето компанија која ќе ги истражува можностите за влез во овој брзорастечки пазар.

За набавка на нов електричен автомобил во Бугарија, властите најавија субвенции од 6 200 евра во рамки на оперативната програма „Животна средина” за следната програма, јави БТА.

Планот на Владата го пренесе министерот за животна средина Борислав Сандов, кој појасни дека планот за закрепнување и одржливост вклучува и реформа поврзана со преминот кон електрични возила.

Министерството предвидува мерка за помош на општините за купување специјализирани е-автомобили.

За наредниот програмски период се планирани над 400 милиони лева за заштита на чистиот воздух и примена на европските стандарди.

Предвидено е да се подготви список со препораки до општините за квалитетот на воздухот, за полесно да аплицираат во рамките на „Емепа“ , каде се издвоени 47 милиони лева за еколошки проекти.

Според него, средствата ќе бидат одобрени на седница на Советот на министри следната недела

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.