Од утро до мрак макотрпна работа за парче леб, Влатко Симов од село Карбинци одгледува овци. Вели ова му е наследство од неговиот дедо.
Со ова се занимавал и неговиот татко а сега и тој, но одгледувањето на овци бара многу работа и посветеност а егзистенцијата е мала.
Цената на јагнињата е ниска а сирење и млеко не продава бидејќи како што вели не се исплаќа па за максимум една година тој ќе ги продаде животните.
– Дедо ми започнал со одгледување на овци, него го наследил мојот татко а сега и јас и така си оди тоа по ред, вели Влатко пред камерите на ,,ТВ М-нет”
– Имав околу 320 овци, но ниската цена на откуп на јагнињата ме натера да ги продадам поголем дел. Останав на 20, но сега повторно имам околу 150 овци.
– Моментално јагнињата цицат само млеко. Немам сметка да продавам кога млекото го откупуваат за многу мала сума, вели огор чено Симов.
– Јагнето пак се движи до 160 денари жива мера, а 20 денари купуваме јачмен и детелина и каде ми е крајот на мене, како ќе опстанам.
– И што ако дадат потоа некој денар субвенции ,,Големите пари” тоа не е ништо. А да не се тие субвенции никој нема ниту да чува.
– Во Карбинци само јас одгледувам овци. Јас работам со загуба, 30 денари е едне килограм концентрат, не знам уште колку долго ќе тераме вака.
Во минатото вели дека јагнешкото месо имало добра цена, а со тоа имало и повеќе луѓе кои одлегувале овци. Сега останал само тој.
Нема кој да го наследи а како што вели нема ниту потреба: Уште оваа година дали ке ги чувам и а потоа ќе ги продадам.
– Овде нема да има повеќе овци и пасиштата се минимални и ги има се помалку. Сточарството е многу тешко но од нешто мора да се живее.
– Од ова се живее ден за ден. Веќе снемувам и јачмен, како што гледате од секое влакно ми тече пот. Во сточарството нема егзистенција.