Без сомнение Влатко Миладиноски, по неговите песни, не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во странство.
– По потекло сум од село Јаорец и потекнувам од музичарско семејство, тие ми се репер за успех во животот, не читам многу книги и гледам малку филмови. Во песните впорчем е раскажана една вистинска приакзна од животот.
– Немам омилена песна, јас сум дипломиран музичар, дипломирав на класична музика и џез, генерално слушам секаква музика.
Има период дома кога пејам и по цела недела па домашните велат намали малку, а потоа пак има период кога не потпевнувам па велат зошто не пееш, вели низ шега Влатко.
Откако мерките олабавија, Влатко продолжи со настапите, како во нашата држава, така и надвор од границите каде што има наша дијаспора. Пред се патриотските песни кои ги исполнува со многу емоција се едни од најомилените кај неговите фанови.
Овој кичевец е еден од поретките естрадни уметници кој не е многу активен на социјалните мрежи.
– Не сум на социјалните мрежи активен, имам само ,, фан пејџ,, која ја води еден мој близок пријател, а инаку сакам директна комнуикација и ми е и побезбедна, изјави во една прилика.
Миладиноски на својот профил на фејсбук ја сподели песната Еј Пирине во негова изведба и над неа во објавата напиша:
“Ej Пиринее,Еј Солунее,Македонски ли си?!!Кажи да се знае, ду шман да затрае. Песна испеана пред 15 години, на тематика која што сеуште е актуелна.
Оваа негова објава наиде на големо задоволство кај неговите фанови што се гледа по реакции во коментарите.