Владиката Тимотеј со порака за сите кои сакаaт да се причеста со лажиче за Велигден

  • By admin
  • април 26, 2021
  • 0
  • 1736 Views

Како што е познато за Велигден и Рамазан Бајрам нема да има полициски час, останатите денови граѓаните ќе можат да бидат надвор уште еден час.

Комисијата за заразни болести предложи, а кр изниот штаб прифати од среда во наредните 2 недели наместо од 20 движењето да биде ограничено од 21 до 5 часот наутро, а угостителските објекти да ги отворат терасите за гости.

Олеснувањето на рестр иктивните мерки се очекува да добие зелено светло на утрешната Владина седница.

-За претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам, сабота кон недела и 12 кон 13 мај, нема да има полициски час и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Здравствените власти тврдат дека олеснувањето на мерките е поради подобрување на епидемиолошката состојба со Ковид-19, намален бил бројот на новозаразени и на пациенти кои имале потреба од хоспитализација.

Зошто се прекинува полицискиот час за Велигден и Рамазан Бајрам,а потоа повторно ќе важи, Филипче вели дека го зеле во предвид и чувството на граѓаните за да можат да одат во храмовите.

– Верските лидери земаа обврска сè што може да се организира надвор, тоа и да се стори. Со ваков начин на организација и одговорноста на граѓаните ќе нема прекршување на мерките. Едноставно, сите со сопствената одговорност да покажеме дека може да се функционира и во присуство на вирус, рече Филипче.

Предлогот на комисијата за заразни болести за Велигден да нема полициски час наиде на позитивен сигнал кај синодот. Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј за тв 24 вели дека храмовите за верниците секогаш се отворени, но повика да се почитуваат мерките за празникот.

„Црквите никогаш не биле затворени и никогаш нема да се затворат. Дури и да има некое ограничување, црквите ќе бидат отворени за мноштво народ.

Но доколку ова се прифати од страна наВладата, МПЦ ги замолува своите верници да се придржуваат но мерките и да држат дистанца и да носат маска.

Ние се надеваме доколку се придржуваме до овие мерки дека ќе биде со помал ри зик за зараза. Да не дојде до забуна. Најголемиот дел од луѓето кои присуствуваат за Велигден се надвор и 99 посто од присутните кога ќе се каже Исус воскресе ги напуштаат црквите и манасирите, а останува мал број ноќната служба да ја следат.

Оној што се сомнева и има резерва нека не пристапува да се причестува со лажиче. Јас немам сомневање и резерва бидејќи немаше заразени иако нашите свештеници и ѓакони ја користат откако стотина луѓе се пречестиле.

Ќе имаме луѓе на самите влезови на дворовите на црквите и на влезовите на црквите кои ќе се грижат за за запазување на мерките.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.