По ситуацијата со вирусот полкеа но сигурно се враќа фрекфенцијата на патници од аеродромите ширум светот, но и во Македонија.
Сепак како голема пречка која се појави е недостигот од работници што влијаеше на голем број одложени или откажани летови.
Бројни аеродроми но и авиокомпании се соочуваат со оваа пречка која најмногу се одразува на патниците.
Како што е познато најголемиот авиопревозник од и до нашата држава Визер неодамна откажа или пак намали летови од и до Скопје и од и до Охрид.
Визер сега го финализираше својот распоред за зимската сезона за базата во Скопје, кој започнува на 30 октомври, оваа година и завршува на 25 март, следната година.
Унгарскиот нискобуџетен превозник ќе сообраќа на 30 линии од Скопје во текот на сезоната, една помалку од оваа летна сезона.
Релацијата Скопје – Малта е таа што не е спомената во распоредот на зимско-сезоната. Летовите на оваа релација ќе престанат на 29 октомври и се очекува да бидат обновени следната летна сезона.
Летовите за Братислава ќе се зголемуваат три пати неделно во текот на зимската сезона.
Од 31-ви октомври, авиокомпанијата ќе ги отстрани трите авиони Ербас А321 со 230 седишта од базата и ќе ги замени со Ербас А321нео со 9 седишта поголем капацитет од А321.
Визер ќе работи со различен распоред во периодот декември – јануари и во него некои линии ќе се зголемат, а на некои ќе го променат денот на летање.