(ВИДЕО) Ќе допре до срцето на секој Македонец: Бисер Балкански ечеше во Измир

  • By klaster3
  • мај 18, 2022
  • 0
  • 555 Views

Веќе добропознатите водители на емисијата „Везилка“ која се емитува на Алфа ТВ, Адријана Алачки, Ирена Спировска и Благоја Грујовски, им приредуваат изненадување на Македонците пред екраните.

Викендов, од 13ти до 15ти мај беа во работна посета на Турција каде што најавија снимање на нова емисија „Везилка“, но и присуствуваа на фолклорна манифестација за трајно поврзување на многуилјадната македонска дијаспора во Турција со татковината.

Имено, како дел од гостите кои ги забавуваа Македонците во Измир беа и самите водители Благоја Грујовски, Адријана Алачки, како и фолк-уметниците Елена Велевска и Стефче Стојковски.

Обемот на овој настан ги надмина рамките на меѓуопштинската соработка и доби многу пошироко значење. Во тие денови во Измир ќе има голема семакедонска средба на повеќе нивоа, напиша Благоја Грујовски.

Освен нив, на манифестацијата присуствуваа претставници на владата, на бизнис заедницата, на општините Чашка, Струмица и Маврово-Ростуше, пратеници, фолклорни групи и естрадни уметници.

Од споделените фотографии и снимки се гледа дека со македонските естрадни уметници забавата секаде е загарантирана. Многубројната публика во еден глас пееше заедно со Елена Велевска која пееше песни на турски јазик.

„На 13 и 14 мај во општина Чили, Измир на македонскиот фестивал се собра многу илјадна публика од македонската дијаспора, се пееше македонска песна и се вееше македонско знаме!“, стои во една објава на Алачки.

Како благодарност за промоцијата на македонската култура и традиција во Измир, на нашите претставници им беа доделени плакети од страна на тамошните општини.

„Оваа заслуга ја примивме со солзи во очите, емоции…. Плакети за заслуга за промоција на македонската традиција и култура во Измир од општина Чамдиби, Г. Енгин и Г. Мурат“, напиша Алачки.

По завршувањето на манифестацијата групата остана на кратка дружба со Македонците, па несомнено е дека навистина им приредиле прекрасна забава.

Се пееја македонски народни песни, а она што последно го сподели Алачки навистина допира до срцето на секој Македонец. Сподели видео како во еден глас Македонците во Измир го пеат познатиот хит „Бисер Балкански“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.