Младиот 27 годишне јутјубер Мартин Кировски од Кочани веќе извесен период на својот канал објавува видеа на кои јасно ја истакнува својата намера да се кандидира за Градоначалник на Кочани.
Кировски има намера да се кандидира како независен кандидат на предстојните локални избори, а веќе ја започна и кампањата. Тој е меѓу народот, разговара и ги слуша нивните проблеми, поплаки и предлози.
Тој формираше свој тим со кој започна и хуманитарни акции за донирање пакети со храна и средства за хигиена во планинските села на општината.
Мартин денес на својот јутјуб канал извади и песна со спот која веројатно ќе биде негова химна во предизборната кампања.