Една од најпознатите балкански пејачки Светлана Цеца Ражнатовиќ по подолг период повторно запеа пред македонската публика.
Како што е познато таа уште минатата година требаше да има настап во Аква паркот во Пробиштип, но поради мерките против вирусот истиот беше откажан.
Сепак како велат, кој чека ќе дочека, па така конечно синоќе се случи долго очекуваниот концерт во малото рударско градче на истокот од Македонија.
Иако првично концертот беше најавен да се одржи на Аква паркот истиот на само неколку дена пред одржувањето беш преместен на нова локација.
Поради големиот интерес, а и бројни гости од соседна Бугарија и Србија, истиот беше преместен и се одржа на Градскиот стадион во Пробиштип.
Ниту неповолното време не беше пречка голем број фанови да присуствуваат на концертот и да уживаат во музиката на мајката и ќерката.
Овој концерт ќе биде запаметен вечно во нивните спомени со оглед на тоа што фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ за прв пат настапуваше заедно со нејзината ќерка, популарната млада пејачка Анастасија Ражнатовиќ.
Вечера, 11 јуни, двете се сретнаа заедно на сцената во Пробиштип, Македонија, каде што се собра голема борј публика која уживашр во нивните хитови.
Откако Анастасија почна да настапува, таа досега неколку пати ја делеше сцената со различни изведувачи, а ова е прв пат да се појави со нејзината мајка.
И Цеца и нејзиниот наследник „блеснаа“ од глава до пети, а и двете се потрудија стајлингот да биде совршен, па присутните коментираа дека не се знае која изгледа подобро.
„Драго ми е што се дружиме вечерва во Пробиштип. Мора да ви кажам дека сум посебно сум среќа што ова е прв заеднички настап на мене и мојата Анастасија и тоа баш да биде кај вас во Македонија“ кажа Цеца на почетокот на концертот.
Како изгледаше целиот настап на ќерќата и мајката може да погледнете на линкот.