(ВИДЕО) Македонската фаланга ечи и во Амстердам – нашата дијаспора на дело

  • By admin
  • јуни 21, 2021
  • 0
  • 2978 Views

Како што е познато Горан Пандев соопшти дека заминува во пензија и ги растажи соиграчите кои со него сакаа по Европското првенство да бркаат пласман и на Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година.

Натпреварот во Амстердам ќе биде последниот за Гранде Пандев во дресот на Македонија. Потоа, тој заминува меѓу легендите и го отстапува местото ан помладите. За време на одморот во Амстердам пред мечот со Холандија, Стефан Ристовски беше тажен од одлуката.

Пандев го прегрна и заедно ќе ги напаѓаат „лалињата“, за убав крај на кариерата на Горан во дресот на Македонија.

Македонија и Холандија ќе играат од 18:00 часот во Амстердам, а во исто време во Букурешт се среќаваат Австрија и Украина, во многу позначаен натпревар.

Атмосферата во Амстердам не е како во Букурешт, но тоа не значи дека нема македонски навивачи во главниот град на Холандија. И покрај ситниот дожд, кој денес врне од раните утрински часови, многу Македонци од земјите на Бенелукс и овој дел на Европа пристигнаа во Амстердам.

Извесно е дека холандските навивачи ќе бидат мнозинство на „Јохан Кројф Арена“, но тоа не значи дека ќе нема членови на „Фалангата“. Дури и низ градските улици, кафулињата и импровизираната фан-зона заеднички се слави фудбалот и последниот натпревар од групната фаза.

Низ улиците на Амстердам иако далеку помалкубројни во однос на Букурешт, сепак и денес се пристугни македонските навивачи.

На последниот меч со Украина, игран во Романија вистински хит стана еден македонски навивач кој иако со дупнат тапан, сепак удираше по него.

Во меѓувреме членот на македонската фаланга го поправи тапанот и замина во Амстердам каде што повторно дава ритам и ја загрева атмосферата.

Останува да видиме дали новиот тупан ќе издржи пред налетот на емоцијата.

Она што е сигурно е дека Македонија ќе има повторно силна поддршка од трибините.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.