(ВИДЕО) Космонаутко: 400 дена – не е ова Гинис, ова е Денис

  • By admin
  • мај 5, 2021
  • 0
  • 903 Views

Денис Јанкуловски, човек кој неуморно зема брисеви за проверка на вирусот стана еден од хероите на денешното време и симбол во борбата против вирусот.

Во меѓувреме тој сега има нова обврска, но подеднаков одговорна, а тоа е вакцинација во салата Борис Трајковси.

Јанкуловски го доби прекарот Космонаутко поради начинот на облекување и заштита при работа. Денис е мошне активен и на социјалните мрежи надвор од своето работно време.

Неговиот лик и дела предизвикуваат позитива и радост кај многумина, а тој се труди тоа да го прави колку што може подобро.

Утрово Денис повторно се огласи на социјалните мрежи и преку својот личен профил на фејсбук сподели статус со видео во кое вели:

Јубилеј. Во Југославија може и значка за на сако ќе ми дадеа.400 дена по ред пеење. Уствари, 400 дена упропастување песни, 400 фалширања.

А всушност 400 пеење со душа и срце, опуштено, лабаво. 400 утрински дружења за убави денови. 400 дена заедно си ги започнуваме деновите, си се разигруваме, развеселуваме, се обидуваме барем на кратко да си ги оттргнеме мислите од ова лудо секојдневие.

400 мои многу полесни минувања на деновите со вас.400 дена сме јас и вие. 400 дена ЗАЕДНО. Не е ова Гинис.Ова е ДЕНИС.Гуш и бац, убав ден.

За што станува збор може да погледнете тука

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.