Калиопи Букле без соменени е една од најистакнатите македонски уметница, вокален изведувач, композитор и текстописец.
Во својата татковина често е нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп-музика. Таа е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесеттите.
Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп-музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.
Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид, а детството го помина во Кичево. Татко ѝ е со влашко, а мајка ѝ со македонско потекло, но Калиопи не го зборува влашкиот јазик.
Ќе биде запаметена по победата на едно од првите изданија на детскиот музички фестивал Златно Славејче, во 1976 година, со песната Мојата учителка.
Потоа, Калиопи го продолжува својот пат кон славата преку учеството во хорот на Запро Запров Развигорче, со кој учествува на бројни турнеи во Чехословачка, Словенија, Австрија, во периодот од 1978 до 1980.
Се приклучува во класата на Марија Николовска и четири години изучува соло пеење. Соло пеењето ќе биде и нејзин академски избор со запишувањето на Музичката академија во 1984, во класата на Благоја Николовски.
Калиопи освоила трето место на Југословенскиот натпревар во соло пеење во 1984, каде настапила како најмлад пејач на класична музика.
Калиопи се огласи на својот профил на фејсбука каде што сподели статус со видео во кое вели:
Лекција: Ако ги дадете клучевите од вашиот стан на вашите најдобри пријатели, тогаш можете да очекувате сѐ по враќањето од вашето патување!
Еве што ми се случи синоќа! Повторно ги прославија мојот роденден и новата година затоа што бев далеку од нив…
И ако треба да просудам за годината според нив, оваа ќе биде прекрасна! Фала му на Бога за добрите луѓе околу мене!
Видеото од тоа како изгледаше сето тоа може да се погледне во продолжение тука.