(ВИДЕО) За милина: Цела вечер на Гранд одеше македонска музика – Анета и Молика издоминираа

  • By admin
  • септември 21, 2021
  • 0
  • 5945 Views

Нејзиното бисерно грло беше вистинско освежување за нашата естрадна сцена, која со генрациската промена на пејачи доби атракија, но и висок гласовен квалитет.

Анета Мицеска- Молика го понуди оној квалитет кој од секогаш значел за Македонците, а тоа е во нсериски глас, женствен стас и пристојно сценско однесување.

Општо познато е дека Анета и Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега, зборуваме за периодот пред ситуацијата со вирусот.

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.

Кога ќе се спомне Анета Мицевска или попозната во јавноста како Анета Молика, секогаш се наидува на одобрение кај публиката. За Анета слободно може да се каже дека е најдобриот глас на фолк естрадата, впрочем тоа го кажува и самата публика.

Анета Мицевска Молика, во својата долгогодишна кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада. Токму вокалот е нешто што ја краси најмногу, иако и нејзиниот физички изглед е за десетка.

Освен во Македонија, Анета и Молика се доста ценети и надво од границите на нашата држава, за што потврди пристигна уште еднаш и тоа вчера.

Имено Анета и групата Молика вчера од 21 часот имаа свој настап во живо на најгледата забавно музичка телевизија во регионот, ТВ Гранд.

Тие беа гости во емисијата „Песмом за душу“ каде што цела вечер свиреа и пееја македонски песни, а како сето тоа изгледаше може да погледнете во продолжение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.