Дарко и Сулејман од Берово се долгогодишните експерти во конзумирање на шливка
Тие препорачуваат Беровската сливова ракија како е лекот против корона вирусот.Тие секојдневно се дружат заедно, со некоја чаша ракивче и комшиски муабети.
„ Јас верувавм во корна вирусот и од него се штитам со по една дупла ракија и има круг од 60 метри кој те штити да не се заразиш. Тоа сум го слушнал и од доктори, од професори“, вели соговорникот за МалешНет, на што се надоврзува и неговиот другар:
„Дупла ракија на сабајле и едно литро преку ден. Секојдневно од кога фати вирусот. И претходно пиевме, ама не по толку“.