Во текот на вчерашниот ден во Струмица се случи голем пожар. За истиот информираше ТППЕ Струмица преку нивната фејсбук страна каде што напишаа:
Денес, (недела) 28.02.2021 година во 11.42 часот во месноста Софилар, ТППЕ Струмица со 5 ПП возила и 30 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалена сува трева и трски.
Опожарена е површина од околу 20 хектари и кровна конструкција на викендичка. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.
Истовремено е интервенирано на запалена нискостеблеста шума над с.Баница и запалена сува трева во близина на бензиска станица Лукоил кон с.Дабиле.