Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова последниот период е често на на релација Македонија – Шведкса – Македонија.
Како што е познато Струмичанката на почетокот на 2010-та години ја изненади јавноста кога раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.
Нејзиното срце го освои Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.
-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.
Фолк-пејачката Гавазова иако живееше во Шведска, која важи за една од најдобро уредените земји во Европа, сепак реши да се врати во Македонија, заедно со сопругот и нејзините две ќеркички.
Во интервју за Фокус, таа објасни зошто од Шведска се вратила во Македонија и како живее со сопругот и со ќерките, а зборуваше и како живееле во време на пандемијата.
-Мојот сопруг во Македонија се чувствува исто како дома, има многу пријатели, соработници. Тој почна и бизнис во Македонија и е голем позитивец дека Македонија има потенцијал да просперира и да напредува.
Македонците се многу топол народ и веднаш го прифатија како свој, тоа се случува секогаш кога некој е добар човек.
Кога бев дете многу сакав да бидам во друштво на стари луѓе и многу учев од старите. Се сеќавам кога даваа совети… Работи, троши, ама тргај пари за црни денови. Никогаш не знае човек што може животот да донесе.
Мора секој човек да мисли за утре. Никој не се надеваше дека баш на музиката и воопшто на културата такво нешто ќе се случи, но ете се случи.
Навистина е многу тешко да останеш без работа, тоа не му го посакувам ни на најголемиот душман, посебно кога некој си ја сака работата и си ја работи со многу љубов.
Се надевам ќе се вратиме во нормала и ќе се нормализираат работите, најважно е да сме живи и здрави, па ќе ја преживееме некако кризата“, рече Сузе и објасни зошто си дошла од Шведска.
Гавазова викендов се спакува и со своето семејство повторно замина за Шведска каде што ужива во снежната идила.
Пејачката ги снимаше сопругот и ќерките како се забавуваат и прават снешко, па видето го објави на социјалните мрежи и собра бројни позитивни реакции.