(ВИДЕО) Вечер за паметење на Македонците во Швајцарија во режија на Ферус, Спасен, ДНК

  • By admin
  • март 7, 2022
  • 0
  • 572 Views

Како што е познато, голем дел Македонци живеат и работат во Швајцарија која за многумина нашинци е ветена држава.

Според пописот во 2009 година во Швајцарија, Македонците сочинуваат 61.300 жители иако реалната бројка сега е многу поголема.

Најмногу ги има во поголемите градови, односно Берн, Цирих, Базел, но и во помали места и села.

Со години наназад македонската естрада беше чест гостин во локалите во Швајцарија на забави кај нашинците тама, но поради состојбата со вирусот тоа последените години исчезна.

Но по подолга пауза изминатиот викенд беше организирана голема македонска забава во Швајцарија каде што присутните покажаа колку им недостигало ова.

Во организација на Пирок мк.клуб од Швајцарија се одржа првата голема забава во градот Пајерн на која беа присутни над 2000 посетители.

За забавата се погрижија Групата Круна со Џељо Дестановски, згодната Сани, трубачот Ферус Мустафов, фолкерот Спасен Силјаноски и рап дуото ДНК.

Овва забава нашинци од цела Швајцарија но и многу гости од Германија долго ќе ја паметат оваа забава.

Со импресии од ова гостување се огласија и од ДНК кои преку својата официјална фејсбук страна споделија со фановите:

Чуството е секогаш прекрасно кога твоите Македонци ширум земјата ги пеат твоите рефрени. Ви благодариме за вчерашната поддршка на сите оние кои дојдовте во Паерн. Се гледаме наскоро.

ПС: По повод убавиот ден – празник, ви бараме прочка ако некогаш ненамерно сме ви згрешиле или навредиле. Луѓе сме, грешиме.

Со реакција во вид на снимка се огласи и пејачот Спасен кој долови каква била всушност атмосферата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.