(ФОТО) Васил Гарванлиев си ја најде среќата во Америка – објави дека се сврши

  • By klaster3
  • април 21, 2022
  • 0
  • 435 Views

Васил Гарванлиев како преставник на Евровизија ја бра нуваше јавноста со спотот за песната која не преставуваше поради кадри со инсталација која наликуваше на бугарско знаме.

Уште повеќе, јавноста реагираше по негово интервју во кое кажа дека има бугарски пасош, но набрзо се извини пред јавноста и објасни дека пасошот го имал поради семејни безбедн осни причини.

Тој ѝ е познат на македонската јавност како детето што ја испеа познатата песна „Марионка“ на фестивалот „Златно славејче“ пред 28 години. Пееше и како придружен вокал на настапот на Тамара Тодевска на Евросонг.

Беше македонски претставник на 65тото издание на Евровизија и во Ротердам. Холандија се претстави со песната за која кажа дека е автобиографска и ја напишал во еден здив.

Гарванлиев е роден во Струмица на 2 ноември 1984 година. На музичката сцена првпат се појавува на 7 години, а детската песна „Марионка“ станува евергрин.

На десет години се преселил со семејството во САД. Кога имал 17 години, неговото семејство е депо ртирано од САД. Во Чикаго, пред да почне да се занимава со оперската музика, тој пеел поп соло.

Потоа живеел во Милано, Италија. На аудиција во Торонто, во Кралскиот конзерваториум бил примен со целосна стипендија и таму останал 9 години. Во 2018 се врати во Струмица.

Прогласен за најмлад, но и еден од најбараните баритони во Канада, тој за време на својата дваесет и пет годишна кариера има испеано над 50 главни оперски улоги, меѓу кои се Дон Џовани, Фигаро и Лепорело.

Во септември минатата година замина во Чикаго и таму го снима неговиот албум на англиски јазик – албум во кој ќе има поп песни, инспирирани од латино ритамот, но измешани со балкански вкус.

Веќе неколку месеци живее во Америка и вчера сподели радосна вест за неговите пријатели и следбеници. Имено, Васил сподели фотографија на која во рака држи кутија за накит и напиша: Те сакам, небото е полно со ѕвезди, но јас гледам само една.

Гарванлиев соопшти дека се верил а бројни се честитките кои следеа во коментар на фотографијата. Пејачот е вљубен, но се уште не сака да прикажува детали за личноста со која ќе го мине животот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.