(ВИДЕО) Аца Пејовиќ синоќа запеа на македонски – публиката ептен се израдува, следеа овации

  • By admin
  • јули 31, 2022
  • 0
  • 473 Views

Моментално еден од најбараните и најслушани пејачи на Балканот, а тоа е Ацо Пејовиќ кој периодов се почесто е гостин ширум Македонија.

Годинава кога станува збор за Ацо Пејовиќ и настапите во Македонија започна со големиот концерт во салата Борис Трајковскии во Скопје пред 12.000 гледали.

Неодамна Пејовиќ најави дека истиот концерт ќе се повтори и веќе е закажан.

– Многу сум горд и среќен затоа што тоа е прв голем концерт којшто сум го имал во Македонија. На 24-ти декември повторно закажавме коценрт во Скопје, во Борис Трајковски така што се гледаме повторно во декември, изјави пејачот за Бекстејџ.

За Ацо Пејовиќ веќе како момче покажал интерес за музика. Иако потекнува од семејство во кое никој не се занимава со музика, родителите на Аца Пејовиќ брзо го забележале неговиот талент.

Затоа решиле да го запишат во музичко училиште, а бидејќи живееле во Пријепоље, единствената опција му била да се пресели во Подгорица и таму да оди на училиште.

Ацо открива дека воопшто не му било лесно да биде сам на 14 години во различен и голем град, и во интернат каде што морал да се приспособи на условите за живот на кои не бил навикнат.

Пејачот Ацо Пејовиќ важи за еден од најпопуларните бакшиш на нашата естрада, неговите хонорари, но и бакшишите достигнуваат висока сума од неколку илјади евра од вечер.

Кога сме кај Ацо да кажеме дека нема месец а тој барем по еднаш, двапати да нема настап во некој македонски град.

Особено периодов повторно е доста активен со настапи, па така беше вчера случајот со настапот на Аца Пејовиќ во дискотека во Кочани.

За време на настапот во еден момент Пејовиќ реши да запее на македонски, а на неговиот репертурат беше легендарната „Македонско девојче“.

Публиката како и што се очекуваше ептен се израдува и дополнително се развесели и следеа бројни овации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.