За пријателството помеѓу Сузана Турунџиева и Атиџе Муратово не се потребни да се трошата премногу зборови.
Атиџе по сите оние светски филмски фестивали и холивудски гламур, нашата амбасадорка во светот, нашата меденка се врати дома, на својот секојдневен живот, на убавите мали, а за неа големи нешта.
Главниот лик од документарецот „Медена земја“ Атиџе Муратова и понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосреднос, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.
Атиџе Муратова од апсолутно непознат лик стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.
Добро познато е дека Сузана Турунџиева, познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка важи за голема пријателка на Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја.
За разлика од многумина кои ја искористија петминутната слава за да бидат во друштво со Атиџе, Сузе и остана верна пријателка па тие две речиси секој викенд се дружат.
Дали Сузе ќе отиде на гости кај Атиџе или обратно таа во Скопје е неважно.
Неодамна Сузе и беше гостинка на Атиџе во Бекирлија и притоа на нејзиниот профил на фејсбуку сподели:
Кога ја пишував песната, знаев дека никој нема да и го памети насловот, туку дека сите ќе ја викаат: Што е мое, се е и твое….Така и бидна…
Оти гости сме сите на овој свет…. И како што дојдовме без ништо (на свет) така и ќе си заминеме…
Атиџе – ни најголемите академици и научници не успеаја на човештвото да му подарат такви вистини и лекции, како што тоа го направи ТИ! Една и единствена, кралица без круна! А јас, јас сум тука и не те оставам.
Интензивната дружба меѓу Сузе и Атиџе продолжува, па речиси и да нема викенд кога овие две не се дружеа, а сега Турунџиева откри што правеле изминатиот викенд.
За некои луѓе никогаш не си сигурен дали се поубави однатре или однадвор. Таква е и нашата славеничка Елена Солаков – прекрасна, уникатна и беспрекорна во секој поглед.
Атиџе и јас уживавме на родененската прослава. Среќен роденден драга наша Елена и продолжи и понатаму да им ги разубавуваш животите на луѓето