Анета Наковска е една од најпопуларните пејачки на фолк музика во земјава, а со својот глас и енеегија секогаш успева да направи одлична атмосфера каде и да настапува.
Зад себе има долга и многу успешна кариера, а нејзиниот приватен живот секогаш бил интересен за публиката, која сака да знае сѐ за пејачката. И таа не ѝ го ускратува тоа, но сепак во одредени дози.
Наковска доста е активна на социјалните мрежи, каде освен фотографии знае да сподели и свои ставови во врска со актуелните случувања во земјава.
Инаку, освен што е одлична пејачка, таа во приватниот живот е сопруга на охриѓанецот Спиро Крлевски со кој долги годи и е во брак. Спиро инаку живее во САД па нивната врска на почетокот беше на релација Америка-Македонија.
Во една прилика Наковска откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.
Спиро и Анета живеат во САД, а периодов Анета имаше низа настапи во Америка помеѓу тамошните Македонци од кои последните за Велигден се издвојуваат.
Американските Македонци се Американци со македонско етничко потекло. Нивниот број според последниот попис на населението брои околу 61.332, но според неофицијални проценки оваа бројка достигнува и до 200.000.
Јазикот на кој зборуваат Македонците во САД е во најголем број македонски и англиски и припаѓаат на православната вера.
Како што е познато Америка е ветена земја за многу нашинци кои низ историјата, но и сега често се решеваат да се иселат таму.
Наковска за Велигден како што рековме имаше настап во Детроит помеѓу Македонците за што напиша:
Детроти, Велигденска веселба во прекрасната црква Свети Богородица. Нека ни е за многу години големиот ден. Христос васкресе. Вистина васкресе.
А пота даде и интересен опис за Детроит за кого напиша: Поздрав од Детроит, Америчкото Тетово.