Весна Бејби откри што и има кажано Александар Џамбазов пред болница кога Игор имаше проблеми со здравјето

  • By admin
  • јануари 25, 2022
  • 0
  • 508 Views

Маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор денеска во Скопје на 85-годишна возраст се пресели во вечните. Веста за ја потврди неговиот син, актерот Игор Џамбазов.

Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…Од денес, конечно со својата Анче. Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој, се вели во објавата на инстаграм профилот на Игор Џамбазов.

Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

Автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје

Џамбазов има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство а добитник е на голем број стручни награди.

Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

За својата работа доби над 40 награди и признанија во Македонија и Југославија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и наградата на Град Скопје „13 Ноември”.

Познатата македонска ток-шоу водителка и глумица Весна Бејби Петрушевска која беше голем пријателе на Александар емотивно на фејсбук се огласи каде што сподели и еден малку познат момент за јавноста:

Единствениот маестро за мене во мојот живот,кроток,мил, зборлест,духовит,вечно вљубен во својата Анче.

Постојано загрижен за своите Тања и Игор…што седења сме си имале пред Во јна болница кога Игор имаше проблеми со здравјето,колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа што бев многу љубопитна.

Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал, те сакам мој мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор

Игор Џамбазов Татјана Џамбазова моето најдлабоко сочуство, чичко Ацо баци ми ја Анче

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.