Васка: Ех моја Македонија, ми го подели срцето – една половина во Германија, една во Америка

  • By admin
  • март 28, 2021
  • 0
  • 976 Views

Знам дека не сум единствена. И јас сум една од многуте мајки кои никогаш не планирале дека еден ден ќе останат сами. Иако имав убава и среќна младост, бев женета за најдобриот мајстор во нашето село, сепак во средовечноста не бев поштедена од загубата.

Кога најмалку очекував, останав без сопругот, имав две мали деца кои заглавија на пол-пат со мене. Само некој што доживеал може да ме разбере.

Душата ми беше полна јадови, но живеев само заради децата, и тоа со минимална плата како работничка во фабрика. Ги школував, ги хранев со се што можев да си дозволам, а тие никогаш не се побунија.

За среќа, вредни беа, па и сами си побараа работа, големиот син веднаш штом стана полнолетен се вработи за да може да се запише на факултет. Помалиот многу сакаше да учи, беше вреден и одеше по стапките на брат му.

Уште се сеќавам колку беа сложни и се гледаа еден со друг. Постариот дури од својата дневница делеше само да соберат пари и за да се плати факултетот на брат му.

Сама знам колку маки претргав издржувајќи ги, плаќајќи сметки, храна, одржував цела куќа.. ама ете, не се каам никогаш и целта ми беше децата да ги изведам на прав пат.

Кога завршија факултет и најдоа работа си мислев, е готово, сега можам слободно да живеам, сè е како што треба уште да ми се оженат децава.

Задоволна бев затоа што куќата беше доволно голема за да може да се живее во неа, а потоа,ако имаат пари нека си бараат друг стан. Им се восхитував на децата, бев горда на нив и секаде ги фалев. Моите двајца синови пораснаа и веќе се успешни во своите кариери. Арно ама, не било сè така како што изгледаше во моите очи.

Јас сум научена на малку и мислев дека и тие се задоволни со тоа што го имаат. Но нез малиот син имаше желба да продолжи да учи и да оди на пракса во Америка.

За мене тоа беше незамисливо, а тој ме убедуваше дека ќе аплиццира за стипендија и дека ги задоволува сите услови. Не можев да го пуштам сам во туѓина, не спиев со денови и се прашував зошто мораше да оди?

Ме убедуваа и двајцата дека кај нас ништо не е совршено, ни работа, ни плата, ни па образованието. Тој заминува за подобро утре и сигурно ќе се врати некогаш. Што можев да правам? Попуштив заради неговата среќа.

Го пуштив да оди во таа прекуокеанска земја и добро е што имав телефон за да го гледам секој ден. Постариот син беше до мене цело време, но ете, такво е времето, се прелажа и тој со еден другар и ми замина во Германија. Сама си знам колку тагував по нив, колку барав од него да не ме остава сама.

Тој ме жалеше, но и правилно зборуваше со тоа што ми кажа дека не може тие да бидат врзани цел живот за мене. Мора сами да си ја бараат среќата. Ми рече ќе ти праќам пари, таа плата таму што ќе ја заработувам тука ни за 3 месеци не можам. Ах, пусти да ви се парите. Ме оставија без чедата, заминаа во тие туѓи земји за поубав живот и за пари.

Иако ми ветија, јас знаев дека нема да се вратат. Веќе 10 години минаа, а тие се одомија таму, си најдоа невести и останаа да живеат. Само јас си гувеам во куќата сама и го чекам денот кога ќе ги видам нив и внучињата.

Постариот почесто ми доаѓа на гости, а малиот нема толку можност. Секогаш среќата на децата ни е на прво место, но затоа ли ги растеме, за на крај да нè остават сами и да не можеме да им се радуваме?

Обработи: А.С

Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.