Македонскиот пејач Васил Гарванлиев по неколку месеци од веридбата, стапи во брак со својот избраник и на социјалните мрежи објави фотографии од својот партнер.
Тој ѝ е познат на македонската јавност како детето што ја испеа познатата песна „Марионка“ на фестивалот „Златно славејче“ пред 28 години. Пееше и како придружен вокал на настапот на Тамара Тодевска на Евросонг.
Васил Гарванлиев како преставник на Евровизија ја бра нуваше јавноста со спотот за песната која не преставуваше поради кадри со инсталација која наликуваше на бугарско знаме.
Уште повеќе, јавноста реагираше по негово интервју во кое кажа дека има бугарски пасош, но набрзо се извини пред јавноста и објасни дека пасошот го имал поради семејни безбедн осни причини.
Беше македонски претставник на 65тото издание на Евровизија и во Ротердам. Холандија се претстави со песната за која кажа дека е автобиографска и ја напишал во еден здив.
Прогласен за најмлад, но и еден од најбараните баритони во Канада, тој за време на својата дваесет и пет годишна кариера има испеано над 50 главни оперски улоги, меѓу кои се Дон Џовани, Фигаро и Лепорело.
Во септември минатата година замина во Чикаго и таму го снима неговиот албум на англиски јазик – албум во кој ќе има поп песни, инспирирани од латино ритамот, но измешани со балкански вкус.
Гарванлиев е често активен на социјалните мрежи каде споделува делови од приватниот и професионалниот живот, па така на Инстаграм стори остави простор неговите фанови да го прашуваат се што сакаат, а тој искрено да одговори.
Едно од прашањата беше: Мислење за целата ситуација која настана пред заминувањето на на ESC 2021, како гледаш на тоа денес?, а Васил одговори:
„Уф. Многу голема лекција за мене. Ми ги покажа вистинските луѓе околу мене. Ме разочара фактот колку сакаме да мраз име и повре диме некого кој е на пат кон било каков успех.
Криво ми е што неможам да се изразам на македонски како што сакам и можам, а луѓето веруваат во лаги, погрешни инфо од/на портали. Многу сум благодарен затоа што ми се оствари огромен сон да ја преставам Македонија. Факт: Нема погорд Македонец од мене!“