Ване: Ми пристигнаа дрвата за огрев, а потоа за пола час три пати не можев да поверувам што слушам

  • By admin
  • јули 15, 2022
  • 0
  • 565 Views

Вообичаено, летово е период кога многумина наши сограѓаните се решаваат да си обезбедат огревно дрво за зимските студени денови.

За разлика од минатите години, сезонава инфлацијата си остави трага и во оваа гранка, а за да работите бидат уште по не поволни се погрижија уште неколку фактори.

Имено поради тоа што поскапе струјата многумина повторно се свртеа кон дрвото како ресурс за затоплување. Ако се знае дека минатата година Македонија ја зафатија големи по жари кои однесоа бројни хектари шума, следеа бројни ограничувања за се ча на шума.

Исто така поскапе и ценатата на нафтата што се одрази и кај транспортерите, а згора на се скокнаа надниците на утоварачите и истоварачите.

Сите овие погоре наведени фактори доведоа и до голем скок на цената на дрвото за огрев, но и голем недостиг од истото, за што сведочи нашиот читател Ване кој не замоли да го споделиме неговото искуство.

„Вообичаено уште во март секоја година си нарачувам по 12 кубика дрва за огрев кои во мај или почетокот на јуни ги имав секоја година. Но летово сето тоа и како се пролонгираше.

Кога ја направив нарачката, уснениот договор со продавачот од кого секоја година набавувам бука беше дека цената ќе биде 3700 денари за кубик. Се согласив, но како одминуваа деновите, нарачката никако да ми стигнеше.

Се почесто се слушав со газдата кој ме уверуваше дека наскоро ќе ми донесат дрва и е гужва поради големиот обем на работа.

Со доцнење од месец-два, пред некој ден пристигна камионот со дрва пред мојата куќа, а шоферот ми се обрати со зборовите: Ване доколку сакаш да ги истовариме дрвата цената е 4000 денари од кубик. Ако не се согласуваш по оваа цена нема про блем, има луѓе што веднаш ќе ги земат.

Едноставно бев доведе до ситуација, земи или остави. Си велам ако не ги земам овие дрва, којзнае дали ќе дочека други, а и ти сигурно ќе бидат уште поскапи со оглед на тоа што цените скокаат.

Си велам ајде, нека истовараат, а за квалитетот на дрвото што да ви кажам, тенки, а згора на се сигурно недостигаше и пола кубик до кубик.

Ги истоварија за десетина минути, а потоа дојдоа се чачите со трактор. Започнав да ги договарм и ми велат 200 денари газда од кубик. Ги гледам така и ги прашувам, дали се сериозни, па до лани беше 120 денари. Ми велат како сакаш, викни си и друг, ама цената кај сите е иста.

Си велам добро, ајде се помирив и со оваа втора информација. Но не требаше долго за да ме дочека уште едо бркање подлабоко во џебот. И цената на це пачите да ти била 200 денари. Па така од подготвените пари за дрва и нивно средување морав да одвојам уште плус 5000 денари кои за среќа ги имав.

Но што е со луѓето кои ги немаат парите и се броени до денар, како ли само ќе поминат.

Автор: С.Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.