Ване Маркоски важи за еден од најпознатите македонски водители човекот кој долго време не`забавува и информира пред малите екрани, со неговите емисии кои се од најразлични тематики.
Маркоски е еден од нашите најпопуларни водители, и актуелен на социјалните мрежи. Речиси секојдневно тој е активен на своите профил на социјалните мрежи.
Харизматичен и позитивен лик кој обожаваат да го гледаат и оние најмалите но и повозрасните. Дека со љубов си ја работи својта работа говорат неговите успеси на професионално поле.
Ване Марковски е познат како голем љубителл на природата, заговорник на здравата исхрана, фитнесот и здравиот живот, но она што можеби не сте го знаеле за радио и ТВ водителот е дека е исто така и голем љубител на животните.
Како што е познато долги години Ване го гледавме на фрекфенциите на Канал 5 ТВ но неодамна реши за промена на професионален план, па се префрли на МТВ.
Ване Маркоски по потекло е од Тетово каде и живее целото негово семејство, но поради неговите професионални ангажмани тој подолго време живее и работи во Скопје.
Пред неколку години Ване се пресели во стан во скопската населба Аеродром, каде заедно со своите миленици живееше во познатиот „Скај Сити“.
Марковски е мошне активен и на социјалните мрежи, пред се на својот фејсбук профил каде често знае да сподели по некоја интересна информација и од својот приватен живот.
Ване Маркоски очигледно изнервиран од состојбата со струјата во државата и од односот на ЕВН реши да сподели статус на фејсбук:
„ЕВН некаде неможат ни сметки да наплатат, а некаде ќе покажуваат си ла. На платени сметки на апаратите во ГТЦ, ми викаат не биле платени.
Среќа што чувам по дома слипчиња, па ќе имам можност да се докажувам, да не плаќам по два пати. Чувајте сметки. Џабе ви е цел скап маркетинг, кога вака правите. Срамота.“
На тоа позантата водителка Ирена Спировска му одговори: Треба да се надокнади некако загубата што ја имаат од Арачиново, ние ќе ја плаќаме.