Важна информација за сите Македонци со бугарски пасош пристигна денес од страна на Бугарската амбасада во земјава

  • By admin
  • ноември 8, 2021
  • 0
  • 646 Views

Општо познато е дека голем број македонски граѓани поседуваат пасош на соседна Бугарија. Најголем дел од нив се иселени од нашатата држава и токму со тој пасош полесно наоѓаат работа.

Бугарската амбасада во земјава денеска објави соопштение со кое ги информира сите бугарски државјани кои поседуваат валидни документи и живеат во Република Македонија, дека на 14 ноември 2021 заедно со предвремените парламентарни избори, во Бугарија ќе се одржат и избори за претседател и потпретседател на државата.

Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Генералниот конзулат во Битола ги информираат сите бугарски државјани дека ќе можат да остварат своето гласачко право на неколку избирачки места во земјава.

И тоа во Скопје во зградата на Амбасадата на улица „Златко Шнајдер” број 3, во Штип на адреса улица „Партизанска” 52/А-44.

Во Битола на адреса булевар „Први мај” број 53, во Кавадарци во хотел „Уни Палас” на улица „Никола Минчев” ББ.

Во Охрид во ресторан „Белведере” сала 2 на кеј „Македонија” број 2, во Прилеп во Центарот за современа уметност – Дом на култура „Марко Цепенков” на булевар „Гоце Делчев” број 18 и во Струмица на адреса улица „22 Декември” број 8.

Од Бугарската амбасада посочуваат дека изборите ќе се одржат со одобрение и помош на официјалните надлежни институции на Македонија в недела на 14 ноември во периодот од 7 до 20 часот.

Доколку има втор круг на претседателските избори, тие ќе се одржат на 21 ноември 2021 година, при што местата и времето за гласање во земјава остануваат непроменети.

– Може да гласате со лични документи – лична карта или пасош, како и со документи чија важност истекла по 13 март 2020 година, без да бидат обновени.

Гласањето е уставно право на секој бугарски граѓанин, се наведува во соопштението на Амбасадата на Бугарија во земјава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.