Поранешниот лидер на СДСМ и премиер Владо Бучковски во изјава за Фокус вели дека Зоран Заев е најдобриот претседател што го имал СДСМ во изминативе 30 години.
-Заев е најзаслужен за враќањето на СДСМ на власт, по 10 тешки опозициски години. Тој е најзаслужен за влезот на Северна Македонија во НАТО. Тајната на неговиот успех е неговиот карактер и неговата „несовршеност“, но, пред се, неговата храброст – изјави Бучковски.
Тој смета дека има 3 етапи од развојот на СДСМ, при што првиот е поврзан со Бранко Црвенковски, вториот со него и Радмила Шеќеринска и третиот со Заев.
-На СДСМ му треба проевропски лидер, затоа што тој ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ. Му треба лидер, кој ќе продолжи со реформите во СДСМ, со демократизација на партијата и јакнење на неопосредната демократија – вели Бучковски.