Бугарската пејачка Марија: Луѓето во Македонија се многу повесели, тука и бакшишот е поголем

  • By admin
  • февруари 15, 2022
  • 0
  • 867 Views

Македонските клубови, дискотеки и кафеани кога станува збор за гости од странство воглавно преферираат српски пејачи, пејачки и групи.

Но она со што сите би се сложиле е дека гостите од соседна Бугарија, поточно тамошни пејачи и пејачки иако ги има како гости во нашите локали, тоа се поретки случаи.

Марија Донова, пејачка која веќе 15 години е на сцената кај нашиот источен соседн Бугарија од крајот на минатата година реши да се проба на македонската сцена.

„Во Македонија се чувстувам многу добро, многу добро сум прифатена од публиката, луѓето и колегите, се разбира со сите и тоа многу ме радува“ изјави Марија во гостувањето на фолк парада.

Многу нејзини колешки и колеги од вообчаено запдот го бираат како можнос да се пробаат на нов пазар, но таа ја одбра нашата држава.

„Моетео доаѓање во Македонија се случи благодарение на нашата колешка Сузана Гавазова и тука сама да ја искориста можноста да и кажам едно огромно благодарам“ изјави Донова и притоа додаде:

Зошто таа ме препорача на шефот за кој што работам во моментов, а тоа е Кафана Кафана. По препораки на Гавазова дојдов тука за првпат и работата тргна многу убаво.И еве уште еднаш – Сузе ти благодарам.

Водителката на емисијата ја запраша да направи компарација на сцената кај нас и во нејзината држава на што таа одговори:

„Луѓето во Македонија се многу повесели, знаат како да се расположат од срце, нема песна на која што не се веселат и навистина тоа е голема радост за еден изведувач. И бакшишот е поголем“

„На моите настапи единствено кое што го правам е да влезам во кафаната со насмевка на лицето. За сега сум само во Скопје, ако даде Господ ќе идам и на други места“

Марија во Македонија е веќе едне месец, па проговори за ота како била прифатена и како и оди:

На почетокот кога дојдов најбитно ми беше како ќе бидам прифатена, но благодарение на сите колеги и колешки кои многу ми помогнаа со изборот на репертоар. Зошто реално јас немав толку репертоар за тука.

„Многу им благодарам за помошта и целата доверба во мене и топлиот пречек“, заклучи на крај Марија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.