Бугарите на прво место според бројот на штелување километража

  • By admin
  • март 9, 2021
  • 0
  • 627 Views

Позната апликација за дијагностика дава одговори. Анализата покажува дека измамите со километражата се најчести во Малта и Бугарија

Со повеќе од милион корисници ширум светот, Carly е една од најпопуларните апликации за дијагностицирање на возила. Со помош на апликацијата, корисниците можат да пристапат до разни податоци од системот за дијагностика во автомобилот. Исто така, може да се провери дали означената километража одговара на реалниот број на поминати километри.

Врз основа на податоците од корисниците на апликацијата на Carly, измамите со наместена километража се најчести во Бугарија. Дури 42 проценти од бројачите на изминати километри биле манипулирани во оваа земја. Овој процент го надминува само Малта, каде што 44 проценти од сите половни автомобили имаат значително поголема километража отколку што е наведено.

Според Carly, еден од десет користени автомобили во Германија е подложен на манипулација со изминатата километража односно Сојузната република е една од европските земји со најмала стапка на манипулација. Полска, Велика Британија и Скандинавските земји, меѓу другите, имаат слични вредности. Македонија е во групата со голем процент на манипулации, слично како и соседството

„Нашата база на податоци, собрана на почетокот од 2021 година, е изненадувачка и истовремено носи важни сознанија“, вели Авид Авини, директор во Carly. Во сегментот на мали автомобили се користат многу повеќе трикови отколку кај скапите спортски автомобили или во поквалитетната компактна класа – иако маргините на профит се многу поголеми тука.

Како што е познато, километражата е еден од најважните индикатори за преостанатата вредност на возилото. Некои експерти се сомневаат во значително повисоки стапки на манипулација отколку што покажува статистиката на Carly.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.