Браќата од Некст Тајм: На луѓе им е забрането да не слушаат и да не постираат

  • By klaster2
  • мај 4, 2022
  • 0
  • 566 Views

Несомнено македонското музичко дуо ,,Некст Тајм” моментално се едни од најпознатите и најкултни ликови кои пленат со својот настап и култен лик.

Музичкото дуо „Некст Тајм“ го сочинуваат близнаците Мартин и Стефан Фулиповски кое во последно време е препознатливо по нивните етно преработки.

Сега моментално се на врвот со нивната последна прероаботка која ги надминува сите граници, односно изработката ,,Кога падна Пирина”

Стефан е водечкиот пејач во групата додека Mартин свири на гитара и е придружен вокал. Групата ја претставуваше Македонија на Евровизија 2009 во Москва, Русија.

Познати се како рок дуо, но кажаа како се насочиле кон ваков жанр и од каде дошла идејата да преработуваат народни песни.

Само по себе ми дојде за „Ја излези Ѓурго“. Нашата баба се викаше Ѓурга и како мали доста ја пеевме оваа песна пренесена од татко ми којшто живее во с. Жван, Демирхисарко. Ни ги пееше и „Слушам кај шумат шумите“ и Ѓурѓа, изјави од неодамна Мартин.

Испадна дека во таа насока ке ни се движи кариерава. Ѓурга ни испадна доста успешна песна, можеби сите погледи ги насочивме кон оваа музика, објасни Стефан.

Мартин како продуцент се грижи за наоѓање средства да се реализираат вакви проекти, вели дека тешко се наоѓаат пари и мора да седнеш и да молиш некој од маркетинг за да даде.

– Нас треба да не тргнат од политиката и поврзување со нив. Вистината е дека ние никогаш не сме земале пари од политички партии.

– Понуди имало но никогаш не сме прифатиле да пееме за политички партии, нашите песни се за сите, тажно е што народот се поделува на едни и на други, вели Стефан.

– Не сме имале никакви при тисоци од политичките партии, но се имаме изнаслушано муабети како на некои луѓе им е забрането да не слушаат и да не постираат.

– Без добра чашка нема уметност, но кога отидеме во кафеана искрено прво порачуваме ра кија. А во принцип сакам бур бон виски бидејќи е поблаго, вели Мартин кој заедно со неговиот брат близнак беа гости во емисијата кај јутјуберот ,,Лазаров”

– Би примиле средства од политичка партија, но во зависност од тоа како треба да ги изреализираме и да видиме дали ќе се пронајдеме во тој проект.

– Сакаме да излеземе малку повеќе од границите на Македонија, да го прошириме пазарот, на тоа и работиме во моментот и би биле среќни ако излеземе на страна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.