Бранко Цветковски од скопско Волково е самохран татко на седумнаесетгодишно дете со посбени потреби. Животот не го милувал.
Најпрво останал бес својата жена а потоа и без работа, а сега и без својот дом, кој бил опожарен пред два месеци, а сега е под отворено небо со своето дете.
Овој човек животот не го милувал воопшто, му задал многу у дари. Се оженил пред 20 години а за жена му вели дека таква повеќе не би се родила.
Сега е препуштен заедно со својот син Бојан на ми зерен живот во голема сиромаштија и без покрив над главата, а својата приказна ја раскажуваат пред камерите на ,,Срце на Дланка”
– Овде живеам долги години, живеев со жена која повторно не би се родила, се викаше Латинка, ја изгубивме неа а тоа беше голем пресек за мене и за детето.
– Бојан е седмомесече, тој се разбира но неможе да зборува оди во училиште за деца со посебни потреби. Го носам и го чекам таму бидејќи е далеку.
– Имавме некој работи, но по тоа што не снајде останавме буквално без ништо, домот се претвори во остатоци на кој само ќе се сеќаваме, вели Бранко.
– Јас бев во улилиштето со детето, се вратив овде беа сите служби и имав што да видам, се се срамни со земја, а од тогаш никаква помош.
– И ми кажаа дека причина за немилиот настан било тоа што стаорец изгризал некој кабел. Се што сум створил замина во неповрат, нема ни за леб сега.
– Го продадов тракторот пред да се случи тој настан, имав пари настрана околу 1.800 евра со кој требаше да купам нов, но од тоа не остана ништо.
– Ми изго реа три моторни пили со кој работев, исто така работев и како магационер, не сум не работник цело време сум активен.
– Останавме под ведро небо, јас спијам во автомобилот, а синот во подрумот, немам ниту јорган ниту ќебе, немам каде да одам.
– Јас да бев ќе спасев нешто, а службите дошле кога се изго рело, најмногу се грижам за здравјето на моето дете, тој ми е се на свет.
– Поднесов за помош во општина Ѓорче Петров, но од таму се уште немам никаков одговор. Од роднините нема никој да ми помогне.
– Детето не е хрането од цел ден, немам што да му дадам, јас кога би имал една соба сега само да сме под покрив, вели Бранко.
– Сега немам ниту една лажица ниту една тацна да му дадам на детето да јадем, не ја губам вербата, Бог зема но тој и дава, вели за крај овој храбар татко.
Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да застане на нози и да си го подобри животот тоа може да го направите на трансакциската сметка 210501705412630 на синот Бојан Цветковски или пак телефонскиот број 077 905 744.