Борче Стаменов: Јас сум пример дека не треба да си богат и славен за да помагаш на луѓето

  • By admin
  • декември 15, 2021
  • 0
  • 479 Views

Борче Стаменов веќе на многумина и е познат во јавноста како човек кој средува и подарува компјутери на оние кои на што најмногу и е потребно.

За оние кои не го знаат да кажеме дека е човек кој собира расипа ни лаптопи и компјутери и од нив креира нови кои ги праќа онаму каде што е потребно, неодамна гордо објави дека го испратил јубилејниот 1.000. компјутер.

Вчера Борче на својот профил на фејсбук се огласи со емотивен и искрен статус во кој што вели:

Денес се одржува манифестацијата Мажи на годината. Поради лични и оправдани причини нема да бидам во можност да присуствувам на настанот.

Предвреме да им честитам на останатите избрани и наградени. Мојата, Маж на годината според социјални мрежи, веќе се знае некое време.

Сите знаеме дека оваа награда не ја доби Борче Стаменов. Оваа награда како и сите останати кои ги добивме се по заслуга на #ДонирајКомпјутер.

Но како и сите иницијативи, акции и слично и нашава требаше да има “лик” кој сосема случајно сум јас. Секој може да биде Борче Стаменов.

Уште еднаш ви се заблагодарувам што гласавте иако потајно фаќав врски и убедував луѓе да гласаат за нашиот Космонаутко.

Од една друга страна мило ми е што ме избравте. Кога станува збор за вакви избори барем кај нас, обично се избираат познати лица, лица од јавиниот живот, лица кои живеат на “висока нога”.

Како човек кој потекнува од Росоман, кој не внимава на облекувањето или едноставно нема некој препознатлив стил, интроверт со тапија, човек кој порадо би правел генералка дома него да излезе во новиот отворен кафич за да биде виден.

Како човек кој сака да живее мирен живот без лу ди автмобили, човек кој си ги сака пиџамите со дупка на коленото и.т.н. ова ми дојде како изненадување.

Со оваа награда само потврдуваме дека ру шиме уште еден стереотип, тоа е она дека треба да си богат и славен за да помагаш на луѓето.

И затоа напишав, секој може да биде Маж на годината, секој може да биде “Борче Стаменов”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.