Борче Стаменов од Донирај Компјутер денес на својот профил на фејсбук реши да сподели статистика за она што го сработел до сега:
Лани на овој ден сме го подариле 990иот компјутер. Понеделник ќе ја завршиме сезоната со бројчето 1800. Тоа се 810 подарени компјутери за една година.
Или скоро по 3 на ден. Или ако извадиш неработни денови со празници излегува некаде дека на ден сме ипраќале по 5-6 компјутери. Следнава статистика ја обожавам.
Ако почнеме од почеток, 1800 компјутери со монитор, тастатура и глувче по некоја средна вредност се околу 180.000 евра или 11.160.000 денари.
Ако земеме дека нормална испорака на ваков пакет е околу 150 денари, тоа иде некаде околу 4.355 евра или 270.000 денари.
Ако на ова додадете време за дијагноза, поправање, инсталација и пакување, шо по други фирми чини 1200 денари, доаѓаме до некоја сума од 34.838 евра или 2.160.000 денари.
Попат имавме и други донации (храна, облека) кои во парични средства се некаде околу 2.000 евра или 124.000 денари.
Ќе ги стаам тука и платите за нас тројца, кои не ги добиваме ама нека ги има чисто ради статистика.
Ја земам минималната од 15.194 денари и тоа за последниве 3 години откако пораснавме и тоа би било некаде околу 26.466 евра или 1.640.952 денари.
Со ова излегува дека сме донирале добра во износ од околу 247.659 евра или 15.354.858 денари. Колку потрошивме ние? Па веќе знаете, ич!