Јас се викам Богдан, студент сум на ФНП (Факлутет за политички науки) и моментално сум овчар на Стара Планина – со овие зборови 23-годишен млад човек го опишува својот живот надвор од градот, меѓу животни, ливади и пасишта.
Причината зошто се одлучил на овој потег ќе ја разберат многумина од неговата генерација, но само малкумина ќе излезат од комфорната зона и ќе се осмелат да го вкусат животот во планинско село.
Богдан Диниќ вели дека одлучил кога сфатил дека не е задоволен од изборот на факултетот на кој се запишал, па отишол во Стара Планина да се обиде да си го насочи животот во насока во која би сакал да оди.
– Наскоро ќе ги завршам студиите. После тоа се надевам дека ќе се запишам на магистер по заштита на загр озени видови.
– Решив да барам начин во природа и да работам со животни, но пред се да видам дали можам да работам со овци и дали можам да поминувам време во природа.
Богдан вели дека, иако трчањето до планина меѓу животни звучи прекрасно, понекогаш е исцрпувачки и напорно. Во суштина, овој млад човек вели дека отишол во Стара Планина за времето да му биде исполнето со смислена содржина, а не само обична и минлива.
– Воздухот овде е свеж. Додека бев во Белград, воздухот не беше природен, туку полн со смог и нечистотија. Јас сум од град, навикнат сум да имам се на дофат на раката.
– Овде е поинаку, излегувате од вашата комфорна зона и се развивате како личност. Некои луѓе сакаат удобност, но мислам дека тоа го води човекот до стагнација и бесмислен живот – изјави Богдан за порталот ,,Инфоцентрал”
Покажувајќи го своето стадо и кучињата чувари, Богдан го советува секој млад човек да се одважи и да го проба овој начин на живот.
– Други стада нема, многу е тажно, а од друга страна така ми е полесно да ги носам овците и козите на паша. Луѓето веќе не ја обработуваат површината овде.
– Овој живот го советувам и предложувам на сите млади, нека пробаат да видат како е, ова не се опшиува со ниту еден збор, вели за крај Богдан.