Благоја Грујовски емотивно проговори за борбата со вирусот: Минути беа во прашање

  • By admin
  • мај 22, 2021
  • 0
  • 1290 Views

Никој не е поштеден и болеста секому може да му донесе тешка борба за животот. Често, речиси секојдневно цела измината година – за жал, ова го потенцираат многумина.

И тоа од свое искуство. Поминале минути на тешки би тки, чекале поглед од докторите дека сè ќе биде добро, дека ќе помине.

Благоја Грујовски е еден од нив. Познатиот пејач сè уште заздравува од последиците на Ковид-19… Пред извесно време тој буквално се борел за својот живот.

А не ни помислувал дека нему ова може да му се случи – витален е, без никакви здравствени проблеми претходно. Коронавирусот можел да биде фа тален.

Лекувањето заврши во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Грујовски сè уште е под надзор. Тоа што преживеал, вели, е заслуга на стручниот тим на болницата, благодари за посветеноста и грижата.

Првите симптоми кои ги почувствувал уште кога не ни помислувал дека е заразен биле бол ки во телото, во коските.

Грујовски не мислел дека станува збор за Ковид-19. Болките продолжиле, а за три дена кренал и повисока температура, што било аларм дека можеби станува збор за вирусот.

По направениот тест, присуството на вирусот веќе било докажано. Грујовски за брзо веќе имал проблеми со дишењето, а по направената рендген-снимка веднаш требало да биде и хоспитализиран.

Сè се случувало за краток период. Бил сместен во ковид-центар, но ситуацијата се влошила. Грујовски добил таканаречена цитокинска бура.

„Откако стана јасно дека работите не одат на добро и ситуацијата се влоши, одлучив да се преместам во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’.

Кога станува збор за здравјето и за животот мора да се избере најдоброто. Знаев дека може да верувам. Дека има опрема, дека овде работат најдобрите доктори. Уште веднаш примав лекови за да се смири таа цитокинска бура.

Сега сум исклучително благодарен на сите. Тие се заслужни што повторно сум добар – сопственикот Јордан Камчев, кој покажа исклучителен интерес, но и докторите Патриција Каламарас – инфектолог, д-р Валерија Кирова Урошевиќ инфектолог, д-р Никола Шиков – анестезиолог, д-р Хараламбос Сидиропулос – инфектолог.

Сиот персонал кој беше вклучен во моето лекување даваше сè од себе за пациентите. Лично се уверив во совршеноста на системот во ‘Аџибадем Систина’, која е сериозна болница од светски ранг“, вели Грујовски.

Пејачот раскажува дека можеби имал погрешен став во однос на вирусот, иако никогаш не сметал дека ковид не постои. Вели дека почитувал препораки и се штител.

Сепак, како што објаснува, тешко се изборил. За себе вели дека никогаш порано не бил посериозно болен, имал добар имунитет.

„Иако има многу непознати во однос на вирусот, сепак нели тврдењата се дека постарите луѓе потешко поминуваат, за жал за нив болеста е и фат ална. Иако имав подобар имунитет, поминав многу лошо.

Од овој аспект само можам да кажам дека вирусот е многу непредвидлив, мистериозен. Затоа упатувам апел до сите посериозно да го сфатат ова, да не се опуштаме и да ги почитуваме препораките. Нема правила и, за жал, сите можеме да наст радаме“, вели Грујовски.

Д-р Каламарас вели дека Грујовски во „Аџибадем Систина“ бил префрлен во тешка, животозагрижувачка состојба и веднаш бил приклучен на неинвазивна механичка вентилација.

Утврдено е дека има цитокинска бура и бит ката започнала.

„Утврдивме дека има цитокинска бура која беше со високи вредности за интерлеукин така што итно пристапивме да ја средиме цитокинската бура со посебна терапија која ја употребуваме во нашата болница. Неколку дена, колку што имаше потреба, беше на неинвазивна механичка вентилација, а потоа со одредена терапија пациентот беше подобар.

Постепено го исклучивме од механичка вентилација. Тој беше во животозагрижувачка состојба. Впрочем, минути беа во прашање. Нај критичен момент беше кога дојде.

Потоа имаше подобрување. Додека се боревме машината му помагаше да дише“, вели д-р Каламарас. Благоја Грујовски успеа – неговото здравје сега е значително подобро.

Во „Аџибадем Систина“ се бореше во време кога бројот на новозаболени повторно се зголемува. Д-р Каламарас вели дека во последниот период клиничката слика на новохоспитализираните пациенти се менува.

Воочиле дека болеста сега е поагр есивна и побрзо се развиваат пневмонии и потешки клинички слики. Додава дека се забележани постковид состојби како резултат на мултиорганско засегање.

Многу често кај многу од пациентите се јавува состојба проследена со отежнато дишење, брзо заморување и често е потребен подолг временски период за закрепнување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.