Животот е полн со успони и падови, со предизвици, лоши и добри работи. Но кај некој личности животот и оди удолу и удолу.
Таков пример е и Благица заедно со својот син Часлав кој ма ка мачат со сиромаштијата но и се во постојан стра в во престојниот период.
Тие немаат големи примања, единствени пари се тие од социјалното што како што велат едвај стигаат за лекови а камоли за други продукти.
Куќата во која престојуваат не е во најдобри услови, дува од сите страни, прозорците се испокрш ени, нема добра изолација.
Кровот е несигуран, кога ќе наврнер дожд или снег често знае да пропуште па така тие се приморани да ставаат кофи среде соба.
Пред нив е уште еден предизвик, предизвик со кого се соочуваат скоро секоја година а тоа се дрвата и огревот, кој за жал го немаат.
Летото како што велат ќе прескрцат некако, но зимото е сериозен предизвик за нив, и ги става во голема мисла, како понатаму.
Тие својата приказна ја раскажуваат пред хуманитарката Тамара Мисирлиќ, која дојде кај нив и во пресрет на Божиќните празници им го разубави денот со некој подароци.
– Земаме само 7.000 денари, тие пари се премалку, да купиш лекови, храна, да платиш некој сметки, не останува ниту еден денар.
– Првата недела ќе караме некако, но потоа. Огревот ни е голем проблем, а најголема желба ни е да имаме дрва со кој би се стоплиле во овие денови, вели Благица.
– Никој не не посетува, сами сме и си помагаме колку можеме, не сме способни за работа а тоа е голем проблем, вели Часлав.