Бени Шаќири: Скопје е најголемата селендра во Македонија, нема да доживее процвет во наредниве 10 години

  • By klaster3
  • август 3, 2022
  • 0
  • 583 Views

За голем дел од јавноста важи за „човек без влакна на јазикот кој секогаш има став и го кажува“ , но Бени Шаќири вели дека тоа се некои „излитени фрази“ и дека можеби луѓето мислат дека тоа е вистинскиот начин да се изразат и дека не му пречи како го доживуваат.

Рок-музичарот Бени Шаќири се обиде да влезе и во политиката откако на последните избори беше кандидат за градоначалник на Град Скопје од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП.

Во последниов период најчесто го гледаме во дебатни емисии каде дискутира, се објаснува и некогаш не може а да не ја покаже својата нер воза, па во емисијата Магазин зборуваше за своето политичко искуство, но и за случувањата во град Скопје.

– Ние знаеме дека 30 години од независноста само тонеме и тонеме. Сходно на тоа дека јас немам политичка школа и наобразба не знам ни по самиот говор на телото, ниту пак со мојот настап не знам да ја сокријам таа нер воза, тоа може некому да му пречи.

Сакав со својот ангажман да покажам дека некои работи може да се сменат, ако ништо друго барем во полето на хиигената и на чистотата и одржувањето на Скопје, објаснува Шаќири.

Она што овој период е актуелно е дека Скопје после долги години остана без ноќен живот – ниту една дискотека ен работи, празни се улиците навечер што предизвика ре волт кај младите но и кај сопствениците на клубовите.

– Скопје е најголемата селендра у Македонија. Секој друг град живее, навечер функционира подобро од Скопје. Скопје некогаш беше град кој знаеше да ги прими од цела Југославија па и пошироко своите гости.

Им успеа на селјачиштата, како карактерна особина, на сите оние сељачишта у душа кои успеаја да го осквернават овој град нека си го носат на чест. Скопје е една тажна приказна мислам дека нема да доживее процвет во наредниве 10 години, вели Бени.

Она што ги зафати многумина уметници, не го одмина ниту Бени, па музичарот двеипол години не се бавеше со музика, немаше живи настапи но како што вели некако без работа успеале да преживеат со семејството.

– Ќе продллжам да се бавам, ќе живеам од тоа колку можам и како знам и умеам затоа што тоа сум јас. Јас политичар не сум, а не велам дека не би пробал повторно, изјави Шаќири.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.