Безодмник го прослави својот роденден со кучињата надвор, а откако јавноста дозна за ова животот му се промени

  • By klaster2
  • април 27, 2022
  • 0
  • 332 Views

Хозе Луис Матос човек кој живеел како бездомник во градот Букараманга во Колумбија, стана ѕвезда на социјалните мрежи.

И сето тоа откако беше снимен како слави роденден на скалите во паркот со своите две кучиња Шаги и Нена кој му го променија животот.

Матос создаде вистинско роденденско расположение, им стави роденденски капи на кучињата, подели торта со нив и отпеа роденденска песна.

Сите овие случувања ги снимил случаен минувач, кој снимката ја споделил на социјалните мрежи. Каде што пробуди многу емоции.

Луѓето брзо се организираа и му помогнаа на Хозе Луис, кој сега има покрив над главата и може барем за миг мирно да спие.

Хуманите луѓе му овозможија топол дом на овој човек, му обезбедија исто така и облека како и храна со која може да помине одреден период.

Од изворите се вели дека се работи и на пронаоѓање на работа на овој човек со кој неговиот живот би му се променил од многу агли.

Шаги и Нена се уште се со него, а тој доби и мобилен телефон и отвори Инстаграм профил кој веќе има над 180.000 следбеници.

На својот профил најчесто објавува слики од своите кучиња, со што докажува дека кучето е навистина најдобар пријател на човекот.

Исто така тој објавува и секојдневни случки, се потсетува и на неговото минато, како и за тоа што планира да прави во иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.