65-годишна бездомничка минувачите секој ден ја забележуваат на улиците во Тихуана, Мексико, како се крие од дожд и студот во црна пластична кеса.
Всушност големата кеса за ѓубре е импровизирано засолниште за неа и за шесте кучиња за кои се грижи.
Луиз Марија Олмедо Белтран, позната како „Чоле“, живее на улица веќе 8 години, но и покрај тоа што животот е суров кон неа, таа се грижи за благосостојбата на своите кучиња повеќе одошто за себе.
Шокантната сцена, уловена од објективот на фотографот Омар Камарило, брзо се рашири на Интернет не само поради незамисливите услови во кои живее една постара жена, туку и како сведоштво дека оние кои најмалку имаат се најголем пример за безусловна љубов и сочувство.
Локалната полиција во повеќе наврати се обидува да ја убеди „Чоле“ да оди во прифатилиште, но таа упорно одбива одбирајќи да остане со своите верни пријатели.
Животните не се дозволени во прифатилиштето, па затоа таа избира да остане надвор, без оглед на се.