Сторијата во емисијата „Срце на дланка“ за Вида Стојанова од Штип која им а 68 години предизвика големо внимание во јавноста.
Баба Вида речиси целиот живот го поминува во семејанта куќа во центарот на Штип. На 18 години таа одлучува дека не е како другите и дека сака да постигне многу во животот.
Таа заминува во Скопје каде што во тешки времиња завршува Земјоделски факлутет а потоа се враќа во Штип со цел да пронајде работа.
– Овде завршив основно и средно образование, сакав да успеам во животот, решив да отидам во Скопје и да учам факлутет.
– Беше многу тешко и во тешки времиња, со лоша храна и без топла облека, но завршив факлутет се вратив овде и се вработив во една фирма.
– Но таа фирма доживеа стечај па така јас останав без работа. Татко ми по чина па така јас и мајка ми живевме од пензијата на татко ми, вели баба Вида пред камерите на ,,Срце на Дланка”
– Ја изгубив мајка ми пред 10 години и од тогаш животот ми тргна удолу, и тогаш не беше сјајно но се буткаше некако, ова што го имам буквално се ми е од донации ли што останало од мајка ми.
– Покрај големата сиромаштија, тука се и бо лестите кој ги добив поради условите во кој живеам, кога врне често протопува, ѕидовите се во лоша состојба.
– Можат да па днат во секој момент и спиам во ст рав, во лоша ситуација сум. Примам многу лекови, а бо лестите се редат само.
Познатиот хуманист Александар Георгиевски од Штип утрово веднаш ја посети баба Бида и сподели со своите пријатели на социјалните мрежи:
Ја посетив Стојанова Вида, од „црвен крст”зедов некој пакет хуманитарен. Жената живее на Карл Маркс број 8.
За да ви биде појасно се добро е да пишам за да сите што сакате да и помогнете да имате јасна слика каков случај е.
Жената има пензија 10500 денари и живее сама. Храна не сака, постелнина не сака, алишта не сака, хигиенски сретства не.
Единствено нешто што таа сака е да и помогнеме малку финансиски да најде под кирија едно мало собче за зимото да биде безбедна бидејки кровот на куќата и е пред распаѓање и искрено не е безбедна внатре.
Бројот на жената е 076 615 428, ве молам секој што сака да и помогне лично да ја контактира. Не носете храна, не носете облека, не носете хигиенски сретства жената од тоа ништо нема потреба! Подај Рака Спаси Живот. Александар Горгиевски.