Уште една тешка животна приказна ни стигнува, а ја пренесува Алсат М ТВ. „Што ќе станеш кога ќе пораснеш? Полицајка”. „Што ќе станеш кога ќе пораснеш? Мајстор”.
Сонувајќи за овие професии, Ениса и Ердуан посакуваат детските денови што веќе ги поминаа во крајна сиромаштија да останат само горчлив спомен.
Ердуан сака да стане мајстор за на својата баба и двете сестри да им изгради нови куќи. А Ениса рече дека ќе стане полицаец, за нејзиното семејство секогаш да се чувствува безбедно.
Но овие желби се доведуваат во прашање бидејќи нивното образование сè уште не започнало иако тие веќе се 8 и пол и 7 години. Ова е поради проблемите со матичните изводи на родените.
„Сакам да одам на училиште, да имам книги. Што сакаш друго? Кукли, многу ги сакам куклите. Дали ги знаеш буквите, знаеш да читаш? Не, не знам ништо. Немам книги, само од ова сакам да ги научам буквите. Кој број е ова? Еден и два. До колку можеш да броиш? Само овие два броја“.
„Јас воопшто не одев на училиште. Јас сакам да одам на училиште за да учам. Дали знаеш некоја стихотворба? Не. Ја сакам добра куќа, полна со игри. Која игра ја сакаш најмногу? Кола”.
Куќата во која живеат децата со нивната баба Ѓyла Лесковица е скоро уништена. Ниедна од собите не ги исполнува нормалните услови за живот. Ѕидовите се мувлосани, подот е отворен а таванот распукан.
„Можете сами да видите каква е ситуацијата. Треба да се грижам за нив, децата бараат. Тие не прашуваат дали имате или немате. Големиот нема проблем, сфаќа и издржува.
Но децата бараат, треба да се јаде и пие, не можете да ги исполните сите потреби. Да, сакам да имам куќа, можете сами да ја видите, нема потреба да се каже, еве се гледа каква е. Ќерко моја, вака сме останале без куќа.Сега сум слаба и не гледам. Што може да се очекува од мене, ништо“.
Покрај сиромаштијата, 78-годишната баба Ѓула има и здравствени проблеми со очите. Видот веќе и е ослабен. Треба да се извршат некои хируршки интервенции.
Иако во сиромаштија и стр адања, насмевката никогаш не изостанува од невините лица на Ениса и Ердуан. Дури во овие услови тие направија куќа за две бездомни кучиња со кои ги споделуваат тешките моментии.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алсат М ТВ