Баба Марија од кочанско Облешево не може да излезе од дома: Немам храна, вода за пиње, барам барем гумени чизми

  • By admin
  • декември 13, 2021
  • 0
  • 325 Views

Како што е познато, деновиве Македонија е зафатена од обилни врнежи на снег и дожд кои во одредени подрачја на нашата држава направија дополнителни отежнувања на граѓаните.

Околу десетина семејства во кочанско Облешево од сношти не можат да излезат од сопствените домови. Водата во дворовите им достигна над метар.

Седумдесетгодишната Марија Атанасова и нејзиниот сопруг не можат да го пречекорат куќниот праг. Немаат леб, а надојдената вода им поплавила и дел од покуќнината.

„Немаме храна, вода за пиење. Се ми е поплавено. Вреќи со ориз, а немам ниту гумени чизми да излезам надвор. Побарав помош од Општината, прво што барам е да ми донесат чизми“, рече Атанасова во изјава за Алфа ТВ која се обиде да се доближи до нејзиниот дом колку што можеше.

Обилните врнежи од дожд на виделина ги извадија сите недостатоци и неодговорноста на одредени институции. Жителите гневни, прстот го вперуваат во Водостопанство-Брегалница. Тврдат дека причина за поплавите се неисчистените канали.

„Имаме околу десетина куќи кои се во многу лоша состојба. Луѓето не можат да си купат леб, вода“, изјави Тони Максимов, жител на Облешево.

„Секоја година е вака.При секое поголемо надоаѓање на водата ми се поплавува нивата. Ова е сра мота, треба да се реши некако да се доправи каналот, но и да се исчисти како што треба“, рече Бранко Ѓоргиев, жител на Облешево.

Надојдените води направија сериозно оште тување на еден од столбовите на мостот кај с. Долни Балван.

Мостот попушти, но во текот на денот екипи на Јавното претпријатие Плачковица успеаја да го отстранат заглавеното стебло. Будно се следи состојбата на Брегалница но и на Козјачка река.

„Засега нема опа сност од излевање на оваа река. Но доколку се засилат врнежите очекуваме да биде зголемено нејзиното ниво. Ситуацијата ја следиме будно“, изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци.

Водостојот на Брегалница се стабилизира, засега не постои опасност од излевање во Штип, констатираше штипскиот градоначалник кој уште сношти го свика криз ниот штаб на Штип.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алфа ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.