Баба Лозена од Кочани и на 78 години не се откажува од својот велосипед

  • By klaster3
  • август 7, 2022
  • 0
  • 424 Views

Иако постои мислење дека со стареењето луѓето се се помалку способни да ја одржуваат својата виталност преку физичка активност, сепак една кочанчанка го докажува спротивното.

Седумдесет и осум годишната баба Лозена од Кочани е една од ретките жени која вози велосипед. Велосипедот е нејзин другар уште од нејзина десетгодишна возраст.

Детството го поминала на село, па желбата да вози велосипед и се јавила најпрво тогаш – во местото на живеење се дури не се омажила.

Со мажењето животот го продолжува во градот Кочани каде и до ден денешен продолжува да другарува со својот велосипед. Пред камерите на М-Нет телевизија вели кога дошла во Кочани и било ср ам да се вози со велосипедот.

Како причина наведува дека во тоа време било реткост да се сретне жена која ќе вози велосипед на улиците, макар и за потреба.

„Јас велосипедот го возам од десет години, ама од село сум. Кога дојев во Кочани малку ми беше ср ам ама почнав да возам, бавча работам, има разни зачинки, но сега веќе бавчата ја дадев во пензија. Не ја разботам, го возам велосипедот за да се потирам на него.“ – вели баба Лозена.

Годините си го прават своето, па како што вели баба Лозена, сега велосипедот само го турка. На времето таа одгледувала бавча која се наоѓала во близина на кочанското село Грдовци.

До бавчата одела со својот велосипед и токму преку одгледување на таа бавча ја обезбедувала егзистенцијата за своето семејство. Вели беше тешко да се живее, но мора да се издржи бидејќи животот е полн со изнен адувања.

Баба Лозена вели кога се вози со нејзиниот велосипед се чувствува исполнето и многу убаво. Додава дека била од првите што знаела да вози велосипед, а сега веќе е последна со оглед на своите години.

– Од пред половина година не го возам велосипедот, пешки си одам со него. Кога возев велосипед никој не возеше, јас прва бев, но сега има други и јас останав последна.

На грдовски пат работев бавча, одев со велосипедот. Го товарав, ја полнев гајбата па и вреќа врз неа качував. Благодарана сум на Бога и не сум имала проблеми со народ, раскажува баба Лозена.

Сега својот велосипед го вози само до градскиот пазар бидејки толку и дозволуваат условите, но и повеке го турка бидејки на велосипедот го носи багажот што ќе го купи од пазарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.