Баба Живка на 90 години е препуштена сама, без приходи и живот во мрак

  • By klaster2
  • февруари 25, 2022
  • 0
  • 593 Views

Животот во поодминати години може да биде доста тежок, но ако немаш никој околу тебе може да биде дупло по тежок од вообичајното.

Таква е животната сторија на баба Живка која на 90 години живее во селото Тмава, оддалечено околу 17 киломтери од првиот град.

Таа живее без никакви приходи, од пред две години останува и без струја бидејќи поради долг и ја исклучиле и сега живее во мрак.

Од неодамна ја паднала и ја по вредила раката, па така секојдневното функционирање и станала доста тешко, и било капак на досегашната состојба.

– Пред три недели имав не згода и паднав од тој ден доста ми се промени животот, кој и онака ми беше доста комплициран.

– Сега малку се залечив, но бо лката се уште ја чуствувам, никој нема да дојде и да ме посети, живеам сама и без никакви примања.

– Децата ме заборавија, едноставно немаат корист од мене и јас сум сама, не ми е лесно воопшто, не знам што ме чека следното утро.

– Кога беше дедото жив се снаоѓавме некако, јас му помагав и тој ми помагаше, но откако тој замина на другиот свет се се смени.

– Го користам сонцето за светлина и на вечер месечината ако пушти некој зрак до мене, инаку е потполен мрак, вели баба Живка.

Хумантиарецот Дејан Милошевиќ ја посети оваа баба и обезбеди огрев, како и некој намирници меѓу кој и нејзиното омилено овошје банана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.