Баба Есма на 82 години вредно работи на нивите и испрати голема порака до младите што заминуваат во странство

  • By klaster2
  • јуни 14, 2022
  • 0
  • 389 Views

Од месец во месец од година во година младите се повеќе се решаваат да ги напуштат родните места и среќата да си ја побараат во некој од западните земји.

Иако работа има сепак младите не се задовлни од примањата и се решени среќата да ја побараат на некое друго место во светот.

И тие што останаа гледаат да ја избегнуваат физичката работа. Младите не сакаат да работат физичка работа особено работа по ниви.

Па затоа нивите, насадите остануваат запустени а одгледувањето на добиток е се помалку. Голем број од младите се насочуваат како да дојдат до ,,леб без мотика” народски кажано.

Есма Мујановиќ од селото Копице, Босна и Херцеговина е 82 годишна жена која и покрај длабоката старост се уште работи активно физичка работа.

Таа секојдневно е во својот пластеник, но и оди до својата нива, каде ги извршува сите физички работи а како што вели и добро заработила.

Само лани заработила 7.000 босански марки, (околу 225.000 македонски денари), доказ дека најупорните и покрај сите препреки можат да успеат.

,, Работлива сум, тоа ме држи во живот можам да кажам. Доста сум активна и години се само бројка, вели баба Есма за ,,Фокус.ба”

„Нема ништо без работа“, вели Есма, која е изненадена што младите ја напуштаат родната земја и покрај тоа што има услови и овде.

„Во Босна има најмногу работа, но луѓето не сакаат да работат. Велат одиме таму, сакаме таму. Сите одат, па ајде да одиме и ние.

,, И така Босна остануве без луѓе, без работници, без младина,, вели оваа вредна жена која се занимава со производство со малини.

Есма испрати и порака до младите луѓе: Порачувам на сите да си ја чуваат татковината, што ќе бараш во друга држава. Ти си за нив само ро б. Веќе не си никаков господин, вели за крај баба Есма.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.