Иако луѓето во подоцнежните години физички се се послаби, помалку се работоспособни, и со доста здраствени проблеми, има и некој исклучоци кои се доста активни за нивните години.
Еден сличен пример доаѓа од соседството, каде една баба која полека наближува во осмата деценија од животот е работно активна.
Шеесет и осумгодишната Добрила Мијаиловиќ од Шабац веќе половина век лепи тапети. Иако е во пензија веќе 15 години, се уште не се откажал од скалите.
Почесто е во работните панталони отколку во здолништата. Добрила се обучувала и како фризер, а потоа за неколку месеци научила да прави тапети.
И во седмата деценија умешно, без грешка им одговара на сите можни предизвици кои се зададени и додека поголем дел од нејзините врснички седат и ку каат таа е доста активна.
„ Големото искуство покажува дека можам да ги залепам и со врзани очи тапетите, искуство од педесет години работа, вели Добрила за РТС.
Скалпелот, шпатулата и ролерот се заменети во рацете на пензионерка која цел работен век лепела тапети. Добрила вели дека најмногу работи по препорака на задоволни граѓани.
„Кога ќе ме препорачаат, и кога ќе кажат – Госпоѓата има седумдесет години, се смеат, се шегуваат, а кога ќе ме видат, кога работам, се воодушевуваат“, вели вредната жена.
Во работата и животот, нејзиниот сопруг е нејзината најголема помош веќе половина век. Тие заедно разубавиле стотици станови.
„Таа е главен мајстор за тапет, одам, и и помагам, носам работи како машко. Таа е максимално перфекционист“, изјави нејзиниот сопруг Бобан Мијаиловиќ.
„Работните панталони се мојата главна гардероба. Добив леб од тие панталони, го школував детето, го решив станбеното прашање.
,, Сега имам внуци и правнуци, но ете не се откажува од таа стара добра љубов која трае доста долги години, вели исркено Добрила.