Аце од Штип: На овој народ колку и да сакаш да помогнеш, пак не можеш да погодеш

  • By admin
  • јуни 19, 2021
  • 0
  • 19470 Views

Александар Горгиевски од Штип кој е голем хуманитарец се огласи пред некој ден на својот профил на фејсбук и напиша:

На овој народ колку и да сакаш да помогнеш колку ли од себе да даваш максимум, пак не можеш да погодеш, арно викаат старите каков е народот таква е и државата.

Цел град ангажираш да помогнеш да згрижеш три малолетни деца на снегови на дождови се ангажираат мајстори од Велес од Штип по 24 саата на ден рмбање и мака замислите свекорот и снаата се скарале и човекот ни два ни три ги пуди своите внуци заедно со мајката на улица.

Не навлегувам кој е крив кој е прав, штета е за тие три малолетни деца и штета е за сите нас што се вклучиме од срце да помогнеме.

Сакам јавно да се извинам на сите хумани луѓе што се вклучија и од срце помогнаа на оваа фамилија ова ќе ми е школо за у иднина дека не е секој за помош тоа е факт.

Искрено сум многу разочаран и ве молам за ваше мислење како би постапиле вие да сте на мое место.

Сериозни пари се таму вложени се што е внатре од кревет кујна телевизор комода перална фрижидер пегла фритеза микро миксер провосмукалка тостер табуретки детско креветче шпорет камин и многу други работи ќе биде дадено на мајката Елена бидејки се што е донирано е донирано за тие деца.

Но што правиме со просторот кој го реновиравме комплет со се клучевите од собата од вратата се кај мене не можам да бидам паметен и јас што да правам.

Се надевам овде ке се вклучат и сите институции на помош и сите заедно ке го решиме овој проблем јас не зазимам страна нити ја бранам мајката нити го на паѓам свекорот.

Овие луѓе дефинитивно треба сериозно да сносат одговорност за своите постапки.

Добив информација дека таа куќа е дивоградба и дека не е ни легализирана од страна на свекорот и дека само за струја на име на свекорот има долг од над 6000 евра.

Се надевам институциите ке си ја проверат оваа работа ке утврдат дали е тој сопственик на тој имот за понатаму да се постапува по закон како што треба. Александар Горгиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.