Сузана Турунџиева пред неколку дена најави, а сега и официјално објави за проектот со Атиџе кој ќе биде објавен во јавноста за неколку дена.
Нивното дружење отие џекор понапред и во нешто повеќе, а Сузе во својата објава сподели се што минале за да дојдат до овој момент.
Ова е тимот кој вредно и посветено работеше 12 месеци на албумот ПОЛА ТЕБЕ ПОЛА МЕНЕ
Позади нас оставаме многу изминати километри на релација Скопје – Дорфулија- Штип. Пробите најчесто ни беа во движење, трудејќи се максимално да го искористиме времето.
Покрај големиот ентузијазам и желба да создаваме убави нешта имаше и стресни ситуации, но се трудевме да се забавуваме.
Патем, наидувавме и на потешкотии, недостиг на средства, време, логистика и наспроти сите ограничувања и пречки кои реално ги имавме, не се откажавме од идејата да и помогнеме на Атиџе.
Да има подостоинствен живот и музиката да и биде еден нов начин на финансиска поддршка која неа и е премногу потребна. Продуцентот Роберто Кентаур Поп Димитров ни ги отвори ширум вратите на неговото студио и на брилијантен начин, со огромна посветеност, студиозност и трпение го изваде најдоброто од Атиџе и од мене.
Маестро – бескрајно сум ти благодарна затоа што остана доследен на зборот и затоа што заеднички ја направивме среќна Атиџе.
Огнен Неделковски и тебе сме ти неизмерно благодарни за прекрасните 2 текста кои ни ги подари
Сега се на ред фановите на Атиџе и сите хумани луѓе кои на било кој начин сакаат да и помогнат. Продажната цена на албумот е 500денари, а сите средства од продажбата на албумот ќе бидат донирани на Атиџе.
Повелете на промоција во среда во прекрасниот амбиент на МиКаса Скопје во 19ч. Ексклузивни гости ќе бидат Микаса бенд.