Апасиев ја спореди Левица со ДУИ

  • By admin
  • јули 27, 2021
  • 0
  • 1748 Views

Димитар Апасиев политичарот чиј рејтин како и на неговата партија Левица од ден на ден расте секогаш знае да биде актуелен за јавноста и да привлече внимание.

Денес лидерот на Левица беше гостин во вестите на Сител ТВ каде што говореше на низа теми.

И пред очите на јавноста и зад затворени врати во Собранието баш се одвива во јна, изјави Димитар Апасиев, пратеник во Собранието и лидер на политичката партија во своето гостување во Тема на денот на ТВ Сител.

– Има една изрека „Во јна на секој против секого“ во случајов не е така туку во јна на сите против Левица, бидејќи и ДПМНЕ учествува во таа кампања.

Гледате дека најголемите зулуми не поминуваат без учество на ДПМНЕ од пописот, до она што го ветираше Пендаровски, Законот за дивоградби беше договорен, овој за автопатот исто така договорен.

Значи, сите овие големи ска ндали не поминуваат без колаборација на ДПМНЕ и единствени кои го креваат гласот внатре се пратениците на Левица, затоа на сите сме им трн во окото и затоа сите оружја се вперени кон Левица, додава Апасиев.

Лидерот на Левица во Тема на денот на ТВ Сител рече дека Левица според рејтингот е веќе изедначена со Демократската унија за ингеграции, така што тој смета дека Левица веќе не е мала партија.

– Не се согласувам со тоа дека Левица е мала партија, ние веќе според рејтингот сме изедначени со Демократската унија за ингеграции така што нашето барање беше да има една изборна единица.

Меѓутоа, тоа не е прифатливо ниту за СДСМ, ниту за ДПМНЕ, ниту за албанските партии. Меѓутоа, тој услов еве јавно кажувам ќе биде услов за наредна Влада.

Уште во првите 100 дена Левица кога ќе учествува после падот на овој хибриден реж им услов ќе биде една изборна единица, бидејќи Левица историски гледано е најоштетена партија, значи 3 пратеника нас ни се украдени со овој изборен модел кој ја фалсификува волјата на народот, рече Апасиев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.